Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување стипендии за ученици запишани во Државното средно училиште Математичко-информатичка гимназија за учебната 2022/2023 година.
Објавен е списокот со 30 ученици кои ги исполнуваат условите од Конкурсот. Добитниците на стипендии треба до 21 ноември 2022 да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука, кој е достапен на веб-страницата на МОН. -Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата, наведува МОН во објавата на резултатите. Стипендијата за ученици во Математичко-информатичката гимназија е во месечен износ од 3.500 денари и се добива во текот на учебната година сè додека корисникот ги исполнува условите.