Македонската репрезентација во наредниот период ќе одигра два пријателски натпревари против Финска и Азербејџан во Скопје, натпревари за кои нема да може да помогне напаѓачот Александар Трајковски.
Имено членот на Ал Фејха се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски, ама поради повреда на листот нема да биде во комбинација за предизвиците закажани за 17 и 20 ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Останува да се види дали селекторот Милевски ќе повика нов играч од офанзивната линија.