ноември 22, 2024

ЕСМ до 20 ноември го продолжи рокот за потпишување договори за снабдување со струја по повластена цена

АД ЕСМ до 20 ноември го продолжи рокот за поднесување документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември за дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта. Првично крајниот рок за поднесување на документацијата беше до утре.

– Рокот за снабдување од 01.12.2022 година, за промена на снабдувач со комплетните документи е продолжен и потребно е тие да се поднесат до 20.11.2022 година, информираат од АД ЕСМ.

Од компанијата нагласуваат дека АД ЕСМ ги подготви процедурите, договорите и придружните документите потребни за склучување договори за снабдување на дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и јавните училишта.

Read Previous

ОД УТРЕ ПОСТУДЕНО, ОД НЕДЕЛА ДОЖД И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ

Read Next

Трајковски отпадна од комбинација за дуелите со Финска и Азербејџан