ноември 22, 2024

Шкупи одлучи: Скопје ќе го пречека во Кичево

Актуелниот македонски шампион Шкупи беше казнет од Фудбалската федерација на Македонија поради вчерашните инциденти во натпреварот со Шкендија.

Куп натпреварот со Шкендија се играше само девет минути, по голот кој за тетовци го постигна Дашмир Елези настана хаос. Навивачите на домаќините влегоа на теренот и ги нападнаа играчите на Шкендија, натпреварот очекувано со службена победа беше доделен на гостите.

Покрај службениот пораз, комисијата на ФФМ го суспендираше теренот во Чаир и Шкупи мораше да избере нов терен на кој ќе биде домаќин, условот беше да биде 100 километри од нивниот стадион.

Така чаирчани избраа против Скопје в сабота да играат на Градскиот стадион во Кичево. Натпреварот против тимот кој е последен на табелата е закажан за во терминот од 13:00 часот.

Read Previous

Џафери: Некоректно е да се коментира познанство со обвинителот Абази

Read Next

Казнети 207 возачи во Скопје, од нив 20 возеле без возачка дозвола