Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното седум санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за управување под дејство на алкохол.
Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, една санкции за возач почетник, 12 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за некористење сигурносен појас…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.