ноември 22, 2024

По дојавите за бомби во средните училишта, Сојузот на средношколци апелира за зголемена безбедност во школите

Од Сојузот на средношколци ја поздравија брзата акција на безбедносните служби и информираа дека евакуацијата во училиштата е целосно спроведена, а настава за учениците од втората смена нема да има

Претходно денеска од СВР Скопје информираа дека пет средни училишта во главниот град добиле дојави за бомби на своите електронски адреси, по што сите ученици и вработени се евакуирани од објектите

Откако денеска пет скопски средни училишта добија дојави за поставени бомби во нивните објекти, Сојузот на средношколци во земјава изрази загриженост и апелира на поголема безбедност во школите.

Оттаму ја поздравија брзата акција на безбедносните служби и информираа дека евакуацијата во училиштата е целосно спроведена, а настава за учениците од втората смена нема да има.

Во СВР Скопје денеска било пријавено оти пет средни училишта во главниот град добиле дојави за бомби на своите електронски електронски адреси.

Дојави за бомби стигнале до СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“. Како што информираат од МВР, веднаш по добиените пријави се евакуирани учениците и вработените.

Read Previous

Важноста на регионот на Западен Балкан и посветеноста на ЕУ во фокусот на посетата на Фон дер Лајен

Read Next

Петровска: Северна Македонија ќе продолжи да ја поддржува Украина, во подготовка нова четврта одлука за помош