Најстудено утрово е во Берово со минус четири степени, во Битола и Струмица е нула, во Тетово, Скопје Маврово, Демир Капија еден, во Крива Паланка, Прилеп и Штип се измередни два степена, Гевгелија четири, Охрид пет, и во Крушево, Дојран и Попова Шапка седум степени.
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 25 степени.
Во Скопје сончево и релативно топло со слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне 23 степени.