Силна експлозија беше регистрирана во воено-производствениот погон „Арсенал“ нешто по девет часот изутринава по локално време, јави БНТ.
Засега нема информации за штета и за жртви.
Бугарската национална телевизија наведува дека може да станува збор и за контролирана експлозија.
Прекршување на технолошката дисциплина и невнимателно ракување со трансферот на пиротехнички производи предизвикаа експлозија во фабриката „Арсенал“ во Бугарија претходно месецов. Три лица загинаа, а една жена беше тешко повредена во експлозијата во големата фабрика за оружје во централниот бугарски град Канзанлак.