Силна експлозија беше регистрирана во воено-производствениот погон „Арсенал“ нешто по девет часот изутринава по локално време, јави БНТ.
Извршниот директор на компанијата, Николај Ибушев, за БТА потврди дека не се случила несреќа. Извршено е планирано уништување на отфрлените производи во присуство на противпожарни и полициски екипи и почитување на сите процедури потребни за намената.
Постапката се спроведува во текот на неколку месеци, во зависност од производството, појасни Ибушев.
Прекршување на технолошката дисциплина и невнимателно ракување со трансферот на пиротехнички производи предизвикаа експлозија во фабриката „Арсенал“ во Бугарија претходно месецов. Три лица загинаа, а една жена беше тешко повредена во експлозијата во големата фабрика за оружје во централниот бугарски град Канзанлак.