Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер. Утре и в сабота попладне ќе има повремен локален дожд и појава на грмежи.