ноември 22, 2024

Одбележување на Меѓународниот ден за универзален пристап до информации

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска со конференција ќе го одбележи 28 Септември – Меѓународниот ден за универзален пристап до информации.

На конференцијата ќе бидат презентирани наодите од спроведената анализа на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со препораки за унапредување на системот за слободен пристап до информациите.

Според агендата, на конференцијата меѓу останатите, ќе се обратат заменик-министерот за правда Агим Нухиу, директорката на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Пламенка Бојчева и Данче Даниловска-Бајдевска, авторка на „Анализа на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со препораки за унапредување на системот за слободен пристап до информациите“ .

Овој настан е организиран во рамки на проектот „Промовирање на транспарентност и отчетност во јавната администрација“, финансиран од Европската Комисија, а имплементиран од страна на конзорциум предводен од PwC.

Read Previous

Продолжува комисиската расправа за состојбата во енергетика, Владата одобри средства за непречено снабдување со топлинска енергија на Скопје

Read Next

Сончево со умерена облачност, во западните делови со услови за локален дожд