Македонското еколошко друштво (МЕД) и „Пријателите на Шара“ денеска на Попова Шапка организираат регионален саем „Убавините на регионот Шара – Кораб – Коритник“.
Саемот е во рамки на проектот „Одржлива иднина за регионот Шара – Кораб – Коритник“, што МЕД го спроведува со партнери од регионот и Германија. Главна цел на проектот е подобрување на биодиверзитетот во регионот преку директна поддршка на локалното внаселение во продолжување на традиционалните и одржливите практики.
На саемот ќе се претстават вкупно 13 проекти од земјава, Косово и Албанија, кои работат на поддршка на локалните сточари, пчелари или пак имаат активности поврзани со култивирање на лековите билки и промоција на туризмот во регионот.