ноември 23, 2024

Пендаровски: Прашањето за референдумот на ВМРО-ДПМНЕ е класично антиевропско

Претседателот Стево Пендаровски го искоментира формулираното прашање за најавениот рефендум на ВМРО-ДПМНЕ како „класично антиевропско“.

– Добивме прашање со кое во суштина македонските граѓани ги прашуваат, или ќе ги прашаат „дали скаате да престанеме да одиме кон Европската унија“. Тоа е прашањето. Она што ме чуди, е зошто во референдумското прашање не го споменуваат и Преспанскиот договор, бидејќи во европската преговарачка рамка со која започнавме преговори неодамна, во иста реченица стои и Договорот во Преспа и Договорот со Бугарија, искоментира Пендаровски.

Христијан Мицкоски денеска на брифинг со новинарите беше дециден дека се додека не се напушти Договорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени. Инаку, доколку референдумот успее, Мицкоски смета дека следната процедура треба да биде нашето МНР да ја извести Бугарија дека го напуштаме Договорот, а после една година би престанале за нас правните дејствија од тој Договор. Дека тоа може да се изведе, го увериле многу експерти и професори по меѓународно право.

Read Previous

Ковачевски: Да не се копаат крипто валути тоа троши многу струја

Read Next

Акција на Интерпол во 77 држави против криминал со моторни возила