ноември 23, 2024

Акција на Интерпол во 77 држави против криминал со моторни возила

Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, во тесна координација со Генералниот секретаријат на Интерпол, учествуваше во глобална операција против криминал со моторни возила, координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол.

Операцијата беше спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли.

На територијата на Република Северна Македонија за време на акцијата беа извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат.

При преглед на плац за продавање на делови за моторни возила т.н. авто отпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле Кривично дело по член 278-б став 1 и став 3 од Кривичниот законик.

Апелираме до граѓаните да внимаваат при купување на половни моторни возила и увоз од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото согласно законодавството во државата од каде се увезува.

Read Previous

Пендаровски: Прашањето за референдумот на ВМРО-ДПМНЕ е класично антиевропско

Read Next

Да се подготват сите државни ресурси за максимално производство на струја, за да нема рестрикции во најтешката зима