ноември 23, 2024

Ковачевски: Да не се копаат крипто валути тоа троши многу струја

Поради енергетската криза и како што велат, најлошата зима по Втората светска војна, премиерот Ковачевски со апел.

Во однос на снабдувањето имам апел. Има одредени домови па и правни лица во кои има енормно висока потрошувачка на струја и тоа е речиси 100-процентно заради копање крипто валути, тоа треба да се прекине зашто таа електрична енергија е субвенционирана од сите граѓани. Субвенцијата која на финалната цена ја плаќаат граѓаните е 80 проценти, но кога ќе кажете 80 проценти значи дека ако не е субвенцијата граѓаните треба да платат пет пати повисока цена. Секое неразумно непродуктивно и несовесно тгрошење предизвикува недостиг, допонбителни буџетски издатоци и немање за снабдување на оние на кои им треба за најважните лични и деловни потреби, рече ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ го нарече Пендаровски слуга на Владата поради неговиот став за референдумот

Read Next

Пендаровски: Прашањето за референдумот на ВМРО-ДПМНЕ е класично антиевропско