ноември 22, 2024

Дополнителна доза вакцина за лицата постари од 60 години

Поради новото ширење на заразата и хоспитализација насекаде низ Европа, здравствените агенции на Европската Унија денес  ќе препорачаат дополнителна доза против Ковид-19 за лицата постари од 60 години.

Препорачливо е луѓето постари од 60 години и ранливите лица да примат дополнителна доза.

Здравствените агенции на ЕУ од април препорачуваат дополнително вакцинирање само за лицата постари од 80 години, како и за оние најзагрозените.

Се верува дека новата препорака ќе го олесни донесувањето национални одлуки за забрзување на кампањите за вакцинација, што во изминатите месеци речиси се во застој.

Read Previous

Тројца загинати во руски ракетен напад

Read Next

Нема доволно кадар во угостителството во Германија