ноември 22, 2024

Нема доволно кадар во угостителството во Германија

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот резултираше со трансфер на вработените од угостителската индустрија во Германија кон други стопански дејности.

Во 2020 година туристичката индустрија ја напуштиле 216 илјади работници, од кои речиси 35 илјади нашле нова работа во малопродажбата.

Околу 27 илјади работници се префрлиле од угостителството во транспортниот и логистичкиот сектор, меѓу другото како доставувачи на стоки, а исто толку се вклучиле во секторот за менаџмент како секретари.

Според истражувањето, угостителството го напуштиле главно работниците со скратено работно време или работа на определено.

„Треба да се забрза процесот на доделување визи за апликантите од земјите што не се членки на ЕУ“, изјави генералниот директор на ДЕХОГА, Томас Геперт, кој не е уверен дека земјата нема да успее да го надомести недостатокот работна сила со домашни работници.

Read Previous

Дополнителна доза вакцина за лицата постари од 60 години

Read Next

Средношколците ќе се возат бесплатно и за време на летниот распуст