22 лица се ранети, а три лица загинаа во денешниот напад врз северноисточниот украински град Харков, соопшти локалниот гувернер.
Претставник на Претседателството во Киев изјави дека е погодена станбена зона кога Русија истрелалала проектили од повеќе ракетни фрлачи.
Претходно украинските медиуми јавија дека е погодена повеќекатница, а спасувачките екипи веднаш излегле на терен.
Новинската агенција Укринформ објави дека во градот се слушнале три експлозии.