ноември 22, 2024

Претседателот Пендаровски со апел да се протестира достоинствено и без насилство

Неприфатливо е користење на насилство и поттикнување насилство во политички цели. Настанот кој се случи вчера во Скопје не смее да се повтори бидејќи нема ништо позначајно од мирот и безбедноста на сите граѓани.

Упатувам апел до сите организатори на протестите, кои овие денови се одвиваат во Северна Македонија, да преземат одговорност и нивното демократско право да протестираат да продолжат да го практикуваат достоинствено и без насилство. Истовремено најостро го осудувам носењето и користењето на огнено оружје од цивили и граѓани на земјава, кои не се припадници на органите за безбедност.

Вчера полицијата имаше навремена реакција која спречи поголеми судири. Очекувам сите лица кои вчера беа инволвирани во инцидентот да бидат приведени и соодветно санкционирани во најкус можен рок.

Read Previous

Кузеска: Мицкоски вели „жртва сум“, а истиот тој Мицкоски свесно креираше поделби на етничка основа

Read Next

СПИСОК НА ИМИЊА КОИ СЕ ЗАБРАНЕТИ СО ЗАКОН: Внимавајте кога избирате имиња за вашите деца