Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска преку социјалните мрежи се обрати до следбениците и граѓаните со порака по прес конференцијата и објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој објави фотографија од лице со пиштол за кое тврди дека сакало да го убие. Потоа, на пресот ги обвини партиите од власта дека намерно креирале инциденти.
Кузеска со порака:
-Растеме генерации кои не знаат ниту што значи зборот “шиптар”. Да, тоа се малите деца кои не се идентификуваат со емоциите на возрасните, со омразата, со ропството што си го создале во срцата. Е, за тие деца кои сакаат да се конектираат со светот, кои сакаат светот да дојде кај нив, кои сакаат да го видат светот, е за нив одлучуваме.
Каде се обидува некој да не врати? “Само мртов шиптар е добар шиптар?”
Навистина? Навистина?!
Го слушам човекот кој сака за себе да каже дека е лидер, да Мицкоски му е презимето вели “жртва сум”. Е, тоа е истиот Мицкоски кој малку по малку, свесно креираше нетрпеливост и поделби кога кажа дека “Албанци ни преговараат”, кој рече “Еве само имињата ќе ги изговорам, а вие донесете заклучок”… Браво! Каква коректност, скоро како вечерашнава “Да не го политизираме случајот”!
Се согласувам. Но, само затоа што Вие господине Мицкоски во вас немате ниту П од политичар. Вие докажавте дека сте извршител на наредби од Будимпешта и малку пошироко.
Какво обединување побогу барате? Со кого? Со Апасиев само може да зацврстите партнерство и толку!
Од вечерва секоја една политичка партија која и мисли добро на државата, која ги поддржува демократските процеси, општество еднакво за сите, стратешките цели на земјата, треба да се дистанцира од вас! Па, дури и вашите сопартијци кои гледаат каде сте тргнале.
Вашата деструктивна агенда терајте си ја сам, добро може заедно со Апасиев.
Ќе се смират емоциите, ќе расудуваат ладни глави, ќе се разобличат вашите лаги и вие ќе останете сам, зошто граѓаните знаат! И не сакаат назад кон нови тепачки по автобуси и училишта. Не! Вие тоа го сакате!
И дајте конечно соберете храброст, одважете се и кажете утре на протестот дека сте против НАТО и против ЕУ! Граѓаните заслужуваат да знаат за што навистина ВИЕ протестирате, децата заслужуваат да знаат.