ноември 22, 2024

СПИСОК НА ИМИЊА КОИ СЕ ЗАБРАНЕТИ СО ЗАКОН: Внимавајте кога избирате имиња за вашите деца

Малкумина знаат дека има имиња кои се забранети со закон!

Изборот на име за бебе е една од омилените активности на новите родители. Многу родители го знаат името на своето дете месеци однапред. Не е невообичаено да се направи список со омилени имиња и да се направи избор на тој начин.

Она што на многумина им е непознато е дека има имиња кои се забранети со закон.

Имено, постои цел список на имиња кои се забранети во земјите низ светот, но и кај нас.

Доколку родителите не сакаат да се откажат од името што е во спротивност со правилата пропишани во законот – матичарот е должен предметот да го достави до надлежниот орган за старателство за одлучување.

Имињата што го имаат значењето на ѓаволот, како и некои познати митски, историски или литературни личности, се строго забранети во некои земји.

На пример, во Германија името Луцифер е забрането, додека во Швајцарија е забрането да се именува детето Јуда. Шведска не ги дозволува имињата Металика и Елвис, додека во Франција името Принц Вилијан е забрането. И Франција не дозволува чудни имиња, како некои овошја (јагода, цреша…).

Интересно е и тоа што во Малезија на детето не можете да му дадете име кое се поврзува со природа или животно, бидејќи тоа би било голема навреда.

Дека родителите навистина имаат чудни идеи кога е во прашање изборот на имиња, потврдува и фактот што родителите во некои земји сакале на своите деца да им дадат имиња како Facebook, Nutella, Ikea, Superman, Chanel, Mercedes…

Read Previous

Претседателот Пендаровски со апел да се протестира достоинствено и без насилство

Read Next

НЕВЕРОЈАТНА УБАВИНА: „Трипeдвајзер“ ги смести Плитвичките Езера во топ-атракции