Првата епизода од серијата „Балканска приспивна“ снимена во Скопје, главниот град на Северна Македонија, која се емитува на ТРТ 1, беше проследена со прекрасна церемонија одржана во Скопје.
ТАЈМБАЛКАН
Амбасадорот во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на Управниот одбор на ТРТ, Ахмет Албајрак, генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собачи, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин, поранешениот претседател на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат, претседател на Турското движење за национално единство (ТМБХ) Ердоган Сарач, претставник на ТРТ во Скопје Омер Рахми Серим, Претседател на Управниот одбор на Меѓународниот балкански универзитет, Сулејман Оздил, беа дел од присутните на гала вечерта што се одржа во историскиот Куршумли Ан во Скопје. Присуствуваа и претставници на турски институции и организации, актерската екипа и поканети гости.
Во изјава за новинарите, генералниот директор на ТРТ Мехмет Захид Собачи рече: „Среќни сме што ја гледаме првата епизода со нашите вредни актери, гости и сонародници во Скопје, каде што се случува приказната. Додадовме уште една ТВ серија на сериите на ТРТ снимени во странство и сме возбудени поради тоа“.
Собачи рече: „Како семејство на ТРТ, ние силно се фокусираме на Балканот, кој го нарекуваме наше срце. Сега, со нашиот проект „Балканска приспивна“, за кој искрено веруваме дека ќе ги освои срцата, ние всушност го продолжуваме нашето постоење во оваа географија, се појавуваме пред нашата публика“, изјави генералниот директор на ТРТ.
Истакнувајќи дека веруваат дека ќе напишат многу поучни и потсетувачки белешки за меѓучовечките односи во серијата „Балканска приспивна“, Собачи рече: „Верувам дека нашата серија ќе биде проследена со големо воодушевување, како кај нас, така и во Турција, на Балканот и на меѓународно ниво. Се надевам дека нејзиниот пат ќе биде јасен, се надевам дека рејтингот и публиката ќе бидат во изобилство“, рече тој.
Првата епизофа од „Балканска приспивна“ беше проследена во историскиот Куршумли Ан со учество на генералниот директор на ТРТ Мехмет Захид Собачи и неговата екипа.
Серијата во која главните улоги ги толкуваат Ердал Озијагчилар, како и Озлем Туркад, Емре Беј и Мерих Озтурк, е продуцирана од Јалчин Ари и Угур Узунок, а режијата е на Доган Умит Караџа и Волкан Капкин.