ноември 23, 2024

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот поевтин за 1 денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.05.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг.

Од 24.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 54,963 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,699%, кај дизелот намалување за 2,684%, кај екстра лесното масло намалување за 2,390% и кај мазутот зголемувањето е за 1,573%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,143%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Read Previous

Делегација на СПЦ утре во Скопје, МВР најавува посебен режим на сообраќајот

Read Next

Зеленски побара Русија целосно да биде отсечена од светската економија!