ноември 23, 2024

Зеленски побара Русија целосно да биде отсечена од светската економија!

„Војските победуваат во битките, но економијата победува во војните“, рече претседателот на Украина, Володимир Зеленски во видео обраќањето на Светскиот економски форум во Давос.

„Сега не е време да се анализираат трошоците и придобивките. Треба целосно да ја отсечеме Русија од глобалната економија“, порача Зеленски.

Тој повика на „максимални“ санкции кон Русија. Рече дека санкциите мора да се продлабочат за да се запре агресијата на Русија, вклучувајќи го и ембаргото за нафта, блокирањето на сите нејзини банки и целосниот прекин на трговијата со Русија.

„Само тоа ќе ја спречи Русија и која било друга земја да водат неиспровоцирана војна против нејзините соседи“, додаде Зеленски. Тој се залагаше за целосно повлекување на странските компании за да се спречи поддршката за војната.

Зборувајќи претходно во Давос, на панел за економската војна, украинската вицепремиерка Јулија Свириденко ги повика земјите да продолжат да воведуваат санкции кон Русија.

Зеленски вели дека светот не може да се управува со „брутална сила“.

Тој истакна дека неговата земја го забави напредокот на Русија и дека храброста на неговиот народ предизвика невидено единство на демократскиот свет.

Read Previous

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот поевтин за 1 денар

Read Next

Комисијата за заразни болести во среда ќе ја разгледува состојбата со мајмунските сипаници