ноември 23, 2024

Убиениот во Чаир е Јонуз Идризи, лани на 12-ти мај беше убиен неговиот брат Камбер!

Фото од убиството од минатата година

Во престрелка што вчера се случи во чајџилница на улицата „Браќа Реџепагиќ“ во скопската населба Чаир, убиен е Јонуз Идризи, а двајца се ранети. Во пукањето, кое се случило во близина на училиштето „Имри Елези“, повредени биле тројца, а еден од ранетите починал. Според првичните неофицијални информации братот на убиениот бил убиен за Рамазан минатата година. Станува збор за Камбер Идризи.

Вооружениот судир се случи лани на 12 мај во Бутел, каде на лице место беше убиен 43-годишниот Камбер Идризи, додека неговиот внук Ергин Исени, беше тешко повреден и почина во болница.

Повеќе од 80 куршуми беа испукани кон возилото во кое биле Идризи и Исени, а Камбер Идризи почина пред да стигне во болница.

И Семејството на Ергин Исени го загуби својот втор син. Пред неколку години и другиот брат загинал во битките на далечната Сирија.

Read Previous

Обвинителството извршило увид на местото на убиството во Чаир, еве што велат од таму

Read Next

Нема издавање изводи, вработените во Управата за матични книги на протест, бараат покачување на плати