септември 22, 2024

Обвинителството извршило увид на местото на убиството во Чаир, еве што велат од таму

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Чаир, каде во инцидент со огнено оружје едно лице беше лишено од живот, а двајца беа повредени, информираат од Јавното обвинителство.

-Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот. По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти. Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Read Previous

МВР потврди: Убиено едно лице во Чаир, две ранети

Read Next

Убиениот во Чаир е Јонуз Идризи, лани на 12-ти мај беше убиен неговиот брат Камбер!