ноември 23, 2024

Нема издавање изводи, вработените во Управата за матични книги на протест, бараат покачување на плати

Утре на штрајк ќе излезат вработените во Управата за водење на матични книги. Шалтерите за поднесување барање за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени нема да работат додека не им се покачат платите. Штрајкот ќе започне од 8 часот наутро.

Како што велат од Независниот синдикат за водење на матични книги се решиле за штрајк оти никој не го вреднува нивниот труд.

Од денеска на штрајк од 16 до 17 часот пред Собранието и Владата излегува и администрацијата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) велат дека бараат усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.

Read Previous

Убиениот во Чаир е Јонуз Идризи, лани на 12-ти мај беше убиен неговиот брат Камбер!

Read Next

Ковачевски за 100 дена Влада: Барав од министрите да бидат чесни, главната цел е создавање на подобри услови за живот