ноември 22, 2024

Наставниците кои штрајкуваат нема да земаат плата, само придонеси

Наставниците, негувателките и воспитувачките во градинките кои штрајкуваат нема да земаат плата туку ќе им бидат платени само придонеси, објави СДК.мк

Порталот пренесува дека од Владата инфирмирале дека ова одредба е предвидена со Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во градинките.

поред одредбата рокот за усогласување на платата во образованието и во градинките со минималната плата е 6 месеци. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) излезе на штрајк пред да помине овој рок на усогласување. Минималната плата беше покачена на 18.000 денари од март.

„Ова произлегува од одлуката на СОНК да организира и одржува генерален штрајк за унапредување на правата на работниците, а во периодот од шест месеци од донесувањето односно зголемувањето на минималната плата. Законската обврска за усогласувањето е шест месеци од донесувањето, односно зголемувањето на минималната плата и Владата, а министерствата и СОНК сѐ уште преговараат во овој законски предвиден рок“, велат од Владата.

СОНК вчера го одби предлогот на Владата за зголемување на платите за 2.500 денари и рекоа дека штрајкот ќе продолжи односно децата нема да одат во училиште.

Read Previous

Експлозии во Киев, Лавов, Днепропетровск, има и жртви

Read Next

Ѓоргиев: Се рушат и последните надежи за пристоен дијалог и се зголемува расколот меѓу Македонците и Бугарите