Властите во регионите на Лавов и на Днепропетровск денеска информираа за повеќекратни експлозии, јавија светските агенции.
Шестмина се убиени, а осум лица се ранети во Лавов, откако проектили утрово погодија воени објекти и пункт за сервисирање на автомобилски гуми во западниот украински град, тврди регионалниот гувернер Максим Козицки, јави Би-би-си.
Има и дете меѓу загинатите, додаде тој.
Јури Сак, еден од советниците на украинскиот министер за одбрана, кој се наоѓа во западна Украина, во изјава за Би-би-си раскажа за нападите врз Лавов.
„Тоа што се случи денеска е многу вознемирувачки и алармантно, станува збор за многу силен ракетен напад на цивилната инфраструктура“, изјави тој за Би-би-си Радио 4, додавајќи дека нема официјални податоци за жртви и штета, а нема ни да има, со цел да не ѝ се дава информации на Русија што е погодено.
Две лица се ранети во нападите во Днепропетровск.
Ројтерс објави за низа експлозии на левиот брег на реката Днепар. Локалните власти засега не објавија информации за експлозиите.