ноември 22, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да не ги понижува наставниците и да ги исполни барањата на СОНК

ВМРО-ДПМНЕ бара од Владата,  како што велат, да не ги не ги понижува наставниците и да ги исполни барањата на СОНК.

-Владата вели дека дава покачување на платите од 10%, во ситуација кога млекото се покачи за над 80%, зејтинот за над 110%, горивата за над 70%, струјата за над 30%.

Трошоците за живот се екстремно покачени, а владата ги понижува наставниците со 10% предлог за покачување.

Владата наместо со половични решенија треба да ги исполни барањата на СОНК, тие се минимално неопходни за обезбедување нормален стандард на наставниот кадар.

Македонија е можеби единствена земја во Европа каде наставниците имаат плата пониска од просечната плата.

Платата на еден наставник е далеку помала од синдикалната кошничка.

Платите во образованието мора да се зголемат. Владата да изврши нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места во образованието.

Ковачевски наместо да им се заканува на СОНК, да ги исполни нивните барања. Наставниците се еден од столбовите на општеството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Read Previous

СДСМ: Уценувачки, СОНК одбива покачување на платите од над 2.500 денари

Read Next

Пендаровски, Ковачевски…Реакции за на отворањето на клуб при бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ во Битола