ноември 22, 2024

СДСМ: Уценувачки, СОНК одбива покачување на платите од над 2.500 денари

СОНК не го прифати предлогот на Владата за 10 проценти покачување на платите, па генералниот штрајк во образованието продолжува и денеска.

Од владејачката партија СДСМ се огласија со соопштение:

-Владата предводена од СДСМ како никоја досега претходно покажа вистинска грижа за образованието како клучен сектор во нашето општество.

Во разговорите со СОНК, Владата понуди зголемување на платите на наставниците од 10 отсто, односно раст за 2.500 денари во просек, како и методологија со која се обезбедува континуиран раст на платите и трајно решавање на социјалниот статус на наставниот кадар.

Уценувачки е одбивањето на понуденото зголемување на платите во време кога целиот свет се соочува со економска и енергетска криза.

Нанесувањето на штета на учениците кои треба да продолжат да ја следат наставата е крајно неодговорно. СОНК со одбивањето на понудата личните интереси ги стави пред интересите на децата.

Согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите.

Солидарно и праведно е сега кога штрајкуват, платата да им ја надомести организаторот на штрајкот, а тоа е СОНК.

Сите мора да се водат од интересите на учениците, да не се дозволи прекинот на наставата негативно да влијае врз воспитно – образованиот процес на децата.

Read Previous

Стоилов: Со гордост го носев дресот на Македонија

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да не ги понижува наставниците и да ги исполни барањата на СОНК