Пендаровски во Подгорица на средби со Ѓукановиќ, Кривокапиќ и Абазовиќ

Претседателот Стево Пендаровски претпладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекан во Подгорица од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, со што ја почна дводневната официјална посета на Црна Гора.

Двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Црна Гора и заедничка прес-конференција на Пендаровски и Ѓукановиќ.

Во рамки на посетата, Пендаровски ќе има средби и со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и со Дритан Абазовиќ, заменик премиер и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

Во Бар утре ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора.

Read Previous

Владата се фали: Со антикризните мерки, имаме поевтини горива

Read Next

Пендаровски и Ѓукановиќ ги потврдија одличните односи меѓу Скопје и Подгорица