ноември 23, 2024

Владата се фали: Со антикризните мерки, имаме поевтини горива

Поради владините одлуки со кои се намали акцизата и ДДВ за нафтени деривати, се амортизираа ценовните разлики и од денес цените на горивата се намалени. Дизелот поевтинува за два, а бензините за денар по литар, порачуваат од Владата.

-Соодветно на намалената акциза и ДДВ за нафтените деривати, се намали и цената на другите горива. Во услови на светска енергетска криза, имаме најевтини цени на горивата во регионот, информираат од владината прес-служба.

Ова, како што посочуваат, се само дел од резултатите од антикризните мерки за намалување на ДДВ и акцизата за горивата за заштита на животниот стандард на граѓаните и задржување на ликвидноста на компаниите.

Со владините мерки го ублаживме големото поскапување на храната и енергенсите и граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја. Покрај сите овие мерки, Владата ја покачи и минималната плата на 18.000 денари и оствари рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите, велат од Владата.

Нагласуваат дека се издвоени речиси 615 милиони евра до сега, за справување со предизвиците од најголемата глобална криза по Втората светска војна.

Read Previous

Груевски, Мијалков и уште пет лица од Западен Балкан на „црната листа“ на САД

Read Next

Пендаровски во Подгорица на средби со Ѓукановиќ, Кривокапиќ и Абазовиќ