ноември 23, 2024

Бајден и Моди разговараа за ситуацијата во Украина

WASHINGTON, DC – APRIL 11: (L-R) U.S. President Joe Biden and Indian Minister of Defense Rajnath Singh listen as Prime Minister of India Narendra Modi (on screen) speaks during a virtual meeting in the South Court Auditorium of the White House complex April 11, 2022 in Washington, DC. India has maintained a neutral stance so far in Russias invasion of Ukraine. Drew Angerer/Getty Images/AFP (Photo by Drew Angerer / GETTY IMAGES NORTH AMERICA / Getty Images via AFP)

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше „искрен“ виртуелен разговор со индискиот премиер Нарендра Моди, но без приближување на ставовите за војната во Украина, тема што ги нарушува односите помеѓу Њу Делхи и Вашингтон.

– Претседателот јасно стави до знаење дека не е во интерес на Индија да го забрза и зголеми увозот на руски енергенси, што во моментов сочинува помал дел од нејзиниот увоз, и други суровини, истакна портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Додека Mоди истакнал дека ситуацијата во Украина е „многу загрижувачка“ и ја повторил ја поддршката за руско-украинските преговори.

САД се сомневаат дека Индија всушност и помага на Русија компензирајќи за некои санкции. Русија е главниот снабдувач на Индија со оружје, ѓубриво, необработени дијаманти и нафта. Индија извезува фармацевтски производи, чај и кафе на рускиот пазар. 

Read Previous

Зеленски: Ние немаме оружје за ослободување на Мариупол

Read Next

УНИЦЕФ: Речиси две третини од украинските деца ги напуштиле своите домови