ноември 22, 2024

Зеленски: Ние немаме оружје за ослободување на Мариупол

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека неговата земја нема оружје неопходно за ослободување на Мариупол, што беше блиску до освојување од руските сили.

– Ако добиеме авиони и доволно тешки оклопни возила, потребната артилерија, ќе можеме да го направиме тоа, истакна Зеленски во синоќешното видеообраќањето.

Тој додаде дека е сигурен оти Украина ќе добие сè што и е потребно.

– Но, не се губи само време. Се губат животите на Украинците. Животи кои повеќе не можат да се вратат, наведе Зеленски. Борбите за Мариупол, што е стратешки важен град поради неговата локација на Азовско Море, се водат повеќе недели. 

Read Previous

Продолжува штрајкот во училиштата и градинките, СОНК и Владата со нова средба во обид за договор

Read Next

Бајден и Моди разговараа за ситуацијата во Украина