ноември 23, 2024

Кулеба: Немаше да има војна ако Украина беше членка на НАТО

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба вчера изјави дека Германија и Франција во 2008 година направиле стратешка грешка кога се спротивставиле на членството на Украина во НАТО.

– Да бевме членка на НАТО оваа војна немаше да се случи, посочи Кулеба.

Тој ја обвини и Германија дека не пружила поддршка на Украина и оти сè уште размислува во категориите одбранбено и офанзивно оружје кога станува збор за воената опрема.

Да не изгубевме многу време во дискусиите за прашањето за одбрана од офанзивно оружје и за тоа што и треба и што не и треба на Украина, сега ќе бевме во друга позиција, во посилна позиција, наведе Кулеба.

Тој потенцира дека Украина предлага „фер договор“ со НАТО и со Западот. – Дајте ни сè што ни треба. И ние ќе се бориме за да не треба да влегувате во борбата кога (рускиот претседател Владимир) Путин ќе одлучи да го тестира членот 5 од Северноатлантскиот договор, наведе Кулеба, додавајќи оти Украинците знаат како да се борат, но дека им треба оружје за да се борат против руските сили. 

Read Previous

Макрон ги поздрави сите кандидати од првиот круг, напаѓајќи ја визијата на Марин Ле Пен

Read Next

Кличко: Руските сили и покрај повлекувањето не се откажаа од заземање на Киев