ноември 23, 2024

Кличко: Руските сили и покрај повлекувањето не се откажаа од заземање на Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека повлекувањето на руските сили не значи дека се откажале од заземање на главниот град на Украина.

–  Фактот што непријателот се повлече од Киев не значи дека тој се откажал од желбата да го заземе главниот град, истакна Кличко.

Тој додаде дека е невозможно да се исклучи нов обид на руските сили да го заземат Киев за два дена.

– Главниот град мора и понатаму да биде подготвен за одбрана, посочи Кличко. Тој истакна  дека „окупаторите продолжуваат да вршат злосторства и геноцид врз украинскиот народ во регионите што ги освоиле“. 

Read Previous

Кулеба: Немаше да има војна ако Украина беше членка на НАТО

Read Next

Анкета на Ипсос: Во вториот круг Макрон би добил 54 наспроти 46 отсто гласови за Марин Ле Пен