ноември 22, 2024

Благодарение на сопругата која отишла во тоалет заработил 200.000 долари

Американската брачна двојка од Свонси, која застанала за време на патување бидејќи жената морала да оди во тоалет, е побогата за 200.000 долари, објавија американските медиуми.

Добитниците изјавиле дека мажот решил да влезе во продавницата додека ја чекал сопругата и купил лоз.

На лице место се изгребал и утврдил дека ја освоил главната награда од 200.000 долари.

„Не знаевме што да мислиме“, рече тој, опишувајќи го овонеделното изненадување.

За билетот платил само пет долари.

Двојката рече дека се уште не одлучиле како ќе ги потрошат добивките.

Read Previous

Илон Маск купи акции во Твитер

Read Next

Зеленски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН во врска со наводите за масовни убиства во Буча