ноември 22, 2024

Илон Маск купи акции во Твитер

Илон Маск се здоби со 9,2% од акциите на Твитер, јавува Би-Би-Си. 

Веста предизвика остар скок на акциите на компанијата за 25 отсто. Основачот на Tesla купи 73.486.938 акции на социјалната мрежа на 14 март. 

Тие вредат вкупно 2,89 милијарди долари. 

Милијардерот е редовен корисник на социјалната мрежа и има над 80 милиони следбеници. Купувањето на акции во компанијата доаѓа во време на неодамнешните изјави на Маск дека „сериозно размислува“ да постави своја платформа за социјална комуникација. 

Read Previous

Бучковски: Во Скопје и во Софија има групи кои работат да не се постигне компромис

Read Next

Благодарение на сопругата која отишла во тоалет заработил 200.000 долари