ноември 22, 2024

Пендаровски: Членството во НАТО една од нашите клучни цели уште од независноста

Членството во НАТО беше една од нашите клучни стратешки цели уште од независноста, поддржана со широк политички консензус на национално ниво и висока поддршка од граѓаните, напиша претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук.

Тој во објавата потенцира дека при процесот на пристапување во Алијансата биле потребни тешки одлуки и длабински реформи.

-Процесот на пристапување во Алијансата беше долг, беа потребни тешки одлуки и длабински реформи во нашата Армија и безбедносниот сектор но, денес, кога меѓународниот поредок е во опасност, ја разбираме важноста од членството во НАТО. Членството во Алијансата јасно ја исцртува и нашата долгорочна ориентација за почитување на вредностите кои ги споделуваме со евро-атлантската заедница: слободата, демократијата и владеењето на правото, како предуслови за успешен развој, вели Пендаровски.

Read Previous

СОНК и Владата на нова рунда преговори

Read Next

Петровска: НАТО заштитува, НАТО обединува