ноември 22, 2024

СОНК и Владата на нова рунда преговори

За денеска, како што претходно најави претседателот на Синдикатот за образование и наука (СОНК), Јаким Неделков, закажана е нова рунда преговори меѓу Синдикатот и Владата на која треба да преговараат за усогласување на платите во образовниот сектор.

Неделков вели оти одлуката за штрајк на градинките и школите, кој би требало да започне на 11 април, ќе трае сè додека не се исполнат нивните барања за усогласување на минималната плата со останатите плати во образовниот сектор.

СОНК бара следење на процентот на пораст на минималната плата односно за 18,4 проценти да се зголемат платите за потоа да се изнајде системско решение и во иднина да не се протестира секогаш кога ќе се зголемува минималната плата.

Меѓу другото, за претседателот на СОНК недозволиво е исполнување на нивните барања со проектирање на Буџетот за 2023 година.

Read Previous

Не го пропуштајте магичниот ден: За 4 април велат дека се исполнуваат желбите – еве за што се работи

Read Next

Пендаровски: Членството во НАТО една од нашите клучни цели уште од независноста