ноември 22, 2024

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот за една изборна единица

„Овој предлог на закон за измени и дополна на Изборниот законик предложен од пратениците кои што се дел од помалите коалициони партнери на власта е поднесен во Собранието во март 2021 година. Значи една година како е поднесен, и ние дури и организиравме пред месец или два средба со сите овие подносители на законот и со сите останати политички партии освен со ДУИ и со СДСМ. И на тие средби разговаравме токму за овој предлог закон и нашиот став на сите тие средби поединечно ги имавме со сите и беше дека сме за една изборна единица согледувајќи ја општо моменталната состојба во Македонија, но не како услов да ако Изборниот законик односно предлог измените за негово дополнување не се усвојат или не се усвојат. Знаеме дека усвојувањето на овој предлог на закон зависи исклучиво од мнозинството“, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.

Стојаноска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи овој предлог на закон за измени и дополна на Изборниот законик.

„Ние кажавме дека ќе го поддржиме, предлогот е за една изборна единица и има добар дел на партии кои што се согласуваат за една изборна единица. И мислам дека ставот на ДУИ е да тие бараат осум изборни единици, Алијанса за Албанците исто така се за осум изборни единици, а БЕСА беа за три изборни единици. А, останатите партии се за една изборна единица. Останува сепак да се разговара за прагот доколку има потреба и нели за тоа дали листите да бидат отворени или не. Маја Морачанин од ДОМ кажа дека покрај отворените листи тие ќе настојуваат и 50% рамноправно присуство на двата пола на листите. Така да дури денес е сега во 10 часот е свикана 39-та седница на Комисија за политички систем каде што прва точка е токму овој предлог закон“, појасни Стојаноска.

Стојаноска укажа дека очекува втората точка за предлог закон за измена и дополна на Законот за матична евиденција да биде повлечена, иако вчера вечерта беше најавено дека е повлечена сепак официјално се уште не е повлечена. Оваа точка предизвика доста бурни реакции во јавноста.

Read Previous

Рускиот бизнисмен и почесен конзул на Русија Сергеј Самсоненко сведочеше во случајот „Плацеви на Водно“ против екс Орце Камчев

Read Next

Медицинските производи на Турција се повеќе се присутни на Балканот