ноември 22, 2024

Медицинските производи на Турција се повеќе се присутни на Балканот

Медицинските производи на Турција, кои во последните години направија сериозни чекори на полето на здравството, почнаа да се појавуваат и во балканските земји.

ТАЈМБАЛКАН СПЕЦИЈАЛНА ВЕСТ

Експомед Евроазија (Expomed Eurasia) повеќе од 30 години е најважната платформа за средби на Евроазискиот регион и Турција во медицинската област, се одржа во саемскиот центар Тујап во Истанбул.

3Т Груп (3T Group), која прави сериозен извоз во балканските земји Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и нејзините подружници на Балканот, учествуваше на саемот на кој беа изложени медицински помагала, опрема и технологии, и беа презентирани медицински трендови, но и научни настани.

Абдулхамид Јилдирим, сопственик на компанијата 3Т Груп (3T Group Company), за ТАЈМБАЛКАН изјави дека го зазеле своето место на најголемиот медицински саем во регионот.

  • „Сакаме искуството на Турција да го пренесеме на Балканот“

„Во моментов продолжуваме да извезуваме во 15 земји. На Балканот сме од 2005 година, нашата трговија продолжува на различни полиња. Во здравствениот сектор Турција е бренд во светот и сакаме да го пренесеме турското искуство на Балканот. Во овој момент, Балканот е добра област каде што можеме да го пренесеме знаењето и искуството на Турција за во иднина. Брзо ќе продолжиме со нашите инвестиции на Балканот во наредните години“, изјави Јилдирим кој како група на компании истакна дека извезувале на Балканот, Америка и Африка.

Јилдирим истакна дека ќе продолжат да работат активно на терен со завршување на нивните подружници во Косово и Албанија оваа година и наведе дека имаат активни канцеларии во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, особено во Србија.

„Нашите полиња на активност се генерално болнички материјали, тешки лекови, општи лекови, заштитни материјали, PCR тестови, а во моментов имаме проект за градска болница на Балканот. Во овој момент во Турција продолжува нашиот проект за имплементација на градската болница, која е прикажана како модел во Европа, во земја на Балканот. Ќе продолжиме со нашите инвестиции во оваа насока и во иднина“, истакна Јилдирим.

  • „Наша цел е извоз од 10 милиони евра во 2022 година“

Дерја Зејнеп Чириш, генерален директор на компанијата 3Т Груп (3T Group), рече дека тие работат во медицинската област и дека се силна компанија во фармацевтскиот сектор.

„Имаме заеднички работи со општини во многу балкански земји, од соларни панели до електрични автобуси и електрични велосипеди. Во оваа смисла, 3Т Груп (3T Group) е компанија која докажа дека служи не само во медицината, туку и во многу области.“, изјави Чириш.

Во 2020 година во Северна Македонија компанијата достигнала просечен извоз од 4 милиони евра.

 „Како компанија, во нашите планови за 2022 година целиме извоз од 10 милиони евра. Се надеваме дека можеме да одиме уште погоре, но секако, не знаеме што ќе ни покаже и што ќе донесе пазарот“, рече Чириш.

Чириш додаде дека имало голем интерес за нивните штандови на саемот.

  • „Наша примарна цел е да ја зголемиме удобноста на граѓаните во областа на здравството“

Муаз Емин, претставник на комапнијата ЕУ Синерџи (EU Synergy Company), македонска подружница на 3Т Груп (3T Group), рече дека тие ја основале својата компанија во 2020 година, а добиле лиценца во 2021 година.

Емин истакна дека нивните компании работат со медицинската опрема во фармацевтската индустрија во многу земји на Балканот.

„Сега зборуваме за искусна компанија во овој поглед. На компанијата ЕУ Синерџи не и беше лесно да почне да работи во Македонија. Но, ние сме амбициозни. Бидејќи ЕУ Синерџи има многу сериозни предности во два аспекта. Првата е цената. Нудиме цена која нема да ги натера жителите на Северна Македонија да страдаат поради превисоките цени на лековите. Вториот е квалитетот на нашите производи“, рече Емин.

Емин вели дека Турција е една од водечките светски земји во здравствениот сектор воопшто.

„Сакаме да го донесеме квалитетот на лековите и медицинските материјали овде во Северна Македонија. Нашата компанија нема да биде присутна само во медицинската опрема и фармацевтскиот сектор. Наша цел е да им служиме на луѓето од Северна Македонија со лаборатории и центри за рентген. Ние сме исто така амбициозни во овој поглед“, изјави Емин.

Претставникот на компанијата ЕУ Синерџи, Муаз Емин вели дека нивната примарна цел не е да ги виктимизираат граѓаните во областа на здравството, која е најосновна потреба на луѓето, туку да ја зголемат удобноста на граѓаните во оваа област.

„Планираме што поскоро да опслужиме со медицински лаборатории и центри за рентген опремени со модерни и високотехнолошки уреди. Брзиот, лесен и практичен пристап до резултатите од тестовите спроведени овде, квалификуваната услуга и пристапната цена ќе бидат наши врвни приоритети“, подвлече Емин.

Read Previous

Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот за една изборна единица

Read Next

Европа го чека доаѓањето на Бајден, а потоа ќе објави нови санкции за Русија