ноември 22, 2024

Зеленски: Украина не може да прифати никаков ултиматум од Русија

Украина не може да прифати никаков ултиматум од Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за регионалните медиуми. „Украина не може да прифати никаков ултиматум од Русија. Прво, треба да не уништат сите, дури потоа ќе се почитуваат нивните ултиматуми“, изјави Зеленски.

Тој прецизира дека Москва, на пример, сака градовите Харкив, Мариупол или Киев да се предадат. „Како и да е, тоа не го можеме ниту жителите на Харков, ниту жителите на Мариупол, ниту Киев, ниту јас како претседател. Тоа добро го гледаме во окупираните градови Мелитопол или Бердјанск. Луѓето не се откажуваат. Русите креваат знаме, луѓето го симнуваат“, рече Зеленски. Според него, секој компромис со Русија треба да биде изнесен на референдум во Украина.

Read Previous

Петков очекува брз напредок во разговорите со Македонија

Read Next

Петар Колев повикува македонските Бугари да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија