ноември 24, 2024

Јутјуб-ѕвезда се породи во живо пред 425.000 следачи

Позната Јутјуб-блогерка Имоџин Хортон го роди своето дете во живо пред 425.000 следачи на мрежата за споделување видеа и нагласи дека не жали што го снимала раѓањето на нејзината ќерка.

Жената која вообичаено прави видеа за мода и убавина, ја сподели и оваа видеоснимка на нејзиниот Јутјуб-канал „Имоџинејшн“ (Imogenation). Коментирајќи ја одлуката да го сними раѓањето на ќерка ѝ Ренелија, „инфлуенсерката“ вели дека „тоа не е голема работа“ за неа бидејќи „отсекогаш била пред камерите и сака да се изразува“ себеси.

На видеото се гледаат само емоциите на мајката, но не и раѓањето.

– Имам граници. Никогаш нема да ја разоткриеме Ренелија без облека или да го откриеме нејзиното тело, изјави блогерката.

Секако, нејзиниот живот на Јутјуб не запира поради бебето, а Имоџин признава дека се вратила на работа еден месец откако се породила. 

Read Previous

Путин вечерва ќе разговара со Макрон

Read Next

Јапонија бара снабдување со ОАЕ против растот на цената на нафтата