ноември 24, 2024

Путин вечерва ќе разговара со Макрон

Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон, ќе разговараат вечерва, најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин утрово разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц. Претседателот веќе има закажан телефонски разговор за вечерва. Бидејќи француската страна веќе тоа го објави, ќе ви кажам дека тоа ќе биде разговор со Емануел Макрон“, изјави Песков.

Песков истакнал и дека Путин во текот на денот ќе одржи низа состаноци кои не се од јавен карактер, пренесува ТАСС.

Путин му пренел на Шолц преку телефонски разговор дека Киев се обидува ги одложи мировните преговори со Русија, но дека Москва сака да продолжат.

Шолц повикал на прекин на огнот во Украина и истакнал дека е потребно што побргу да се дојде до напредок во преговорите и до дипломатско решение.

Read Previous

Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна

Read Next

Јутјуб-ѕвезда се породи во живо пред 425.000 следачи