ноември 23, 2024

Министерката на Велика Британија: Постојат силни докази дека Путин е воен злосторник

Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас денеска изјави дека постојат „многу силни докази“ дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера го нарече рускиот претседател „воен злосторник“, а Трас за радио Би-Би-Си изјави дека не мисли оти тоа е грешка.

– Постојат многу, многу силни докази дека се извршени воени злосторства и дека Владимир Путин стои зад нив, истакна шефицата на британската дипломатија.

Трас нагласи дека Велика Британија „ги собира тие докази на терен за да се увери дека Путин е одговорен за овие злосторства“.

Таа додаде и дека Меѓународниот кривичен суд треба да одлучи кој е, а кој не е воен злосторник.

Зборувајќи за актуелниот конфликт во Украина, Трас истакна дека Велика Британија не направила доволно за да го спречи Путин.

– Не направивме доволно за да го спречиме Владимир Путин и сега гледаме дека се случуваат овие ужасни злосторства кои го прекршуваат меѓународното право, изјави министерката.

Таа порача дека Британија ги „предводеше“ напорите за испорака на оружје во Украина и воведување санкции кон Русија.

Британската министерка посочи дека би сакала да види поостри санкции кога се во прашање банките, нафтата и гасот.

– Ако успее во Украина, веројатно ќе видиме дополнително уништување низ цела Источна Европа, заклучи

Read Previous

Приведена инспекторка од Прилеп поради примање поткуп

Read Next

Цената на нафтата повторно надмина 100 долари