ноември 23, 2024

Приведена инспекторка од Прилеп поради примање поткуп

Во Прилеп утрово е приведена земјоделска инспекторка поради примање поткуп, соопшти МВР.

– Во угостителски објект во Прилеп утрово полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, наведува МВР.

Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени.

Како што додава МВР, В.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read Previous

Комбикрон и делтакрон – две нови мутации на коронавирус откриени во неколку европски земји

Read Next

Министерката на Велика Британија: Постојат силни докази дека Путин е воен злосторник