ноември 24, 2024

Полскиот премиер ги повика западните лидери да го посетат Киев

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ги повика лидерите на земјите од Европската унија, САД и Велика Британија да го посетат главниот град на Украина за да покажат солидарност, пренесува ДПА.

Во изјава за денешното издание на германскиот таблоид „Билд“, тој им порача на германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден, британскиот премиер Борис Џонсон и другите лидери да отпатуваат во Киев, да погледнат во очите на жените и децата таму и да им помогнат да ги спасат нивните животи и нивната независност.

Тој рече дека Украинците се борат за вредностите на Европа и западниот свет.

Киев е редовно гранатиран откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари, потсетува ДПА. Премиерите на Полска, Чешка и Словенија во вторникот отпатуваа за Киев со воз и се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски во знак на поддршка.

Read Previous

Мерки за штедење за државните институции, секое непочитување ќе биде санкционирано

Read Next

Зеленски вети обнова на уништените украински домови