септември 21, 2024

Блинкен: Независна Украина ќе постои многу подолго од Владимир Путин 

Независна Украина ќе постои многу подолго отколку Владимир Путин, изјави синоќа во интервју за Си-Ен-Ен американскиот државен секретар Ентони Блинкен. 

-Вака или онака Украина ќе остане, а Путин еднаш ќе го снема, изјави Блинкен. 

Во интервјуто, државниот секретар го повика рускиот претседател да запре со војната. 

-Запрете ја војната веднаш, повика тој. 

Тој уште еднаш ја предупреди Кина за тешки последици ако одбере да помага на Москва во избегнување на санкциите.  -Фактот дека Кина не го осуди она што Русија го прави, самото тоа зборува многу, изјави Блинкен. 

Read Previous

Ардерн: Нов Зеланд од 12 април ќе ги отвори границите за вакцинираните Австралијци

Read Next

Засега не се размислува за целосно укинување на ковид мерките, четвртиот бран во стагнација